В петок, на 23 декември во 20 часот во салата „25 Мај” во Младински културен центар (МКЦ) ќе се одржи концерт на Женскиот младински хор по повод 50 години МКЦ. Освен сегашниот состав на ЖМХ и диригентот Сашо Татарчевски, на концертот за учество се прјавиле и голем број хористки кои пееле во составите на хорот од неговото формирање па се до минатата година, како и поранешни раководители.

Женскиот младински хор, потекнува од детскиот хор Развигорче, кој е основан 1972 година заедно со самата институција. Со тоа, МКЦ во свое време покажал дека го негува музичкиот аматеризам од самите почетоци, со прераснување во ансамбли кои денес се денес крунисани со огромен број на признанија и награди кои им носат трајна меѓународна афирмација.

Влезот за концертот е слободен, поканети се сите кои би сакале заеднички да ја прослават оваа исклучително успешна и активна јубилејна година на брендот на МКЦ – Женски младински хор.

На програмата се композиции од Моцарт, Бритн, Чилкот, Шуплевски, Запров, Скаловски, Стојков, Димчевски и други.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.