Со почеток во 19 часот и 19 минути утре во Салон 19:19 ќе се одржи концерт на квартетот „Инструментал“.

Квартетот е формиран во 2013 година во Тетово и е составен од младите дипломирани музичари Вулнет Незири, Арбер Таири, Ардита Османи и Греса Мемети.

Од Културно информативниот центар (КИЦ) Скопје кои го организираат настанот, велат дека како квартет учествувале на многу културни настани, концерти, манифестации и приватни настани.

Дополнително, оттаму соопштија дека на концертот ќе се изведат дела од албански композитори и песни на Ваче Зела, оркестрирани во духот на класичната музика за овој вид на квартет и гитара.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.