Одборот за доделување на државната награда ”11 Октомври“,
согласно Законот за државните награди, Законот за изменување и
дополнување на законот за државните награди („Службен весник на РМ”
бр.52/06,54/07,74/12, 99/18 и „Службен весник на РСМ“ бр. 98/19) и
Правилникот за работа на Одборот, на својата последна седница донесе
О Д Л У К А
за доделување на државната награда,,11 Октомври“ за 2023
година за највисоко признание за животно дело во областа на
науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен
интерес на Република Македонија

1. За животно дело во областа на културата и уметноста, наградата
му се доделува на:

– Љупчо Константинов, композитор

Наградата на добитниците ќе им биде врачена на 11 Октомври 2023
година (среда) во 12 часот во Собранието на Република Северна
Македонија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.