Драмски театар од Скопје организира комеморацијата за актерот Мето Јовановски денеска во 11 часот. Јовановски, доаејен на македонското глумиште почина на 16 ноември, на 77-годишна возраст.

Јовановски беше член на ансамблот на Драмскиот театар од 1971 година, веднаш штом дипломирал на Театарската академија во Софија.

Неговата актерка кариера започнала на сцената на Народниот театар во Штип, каде настапувал уште пред да се запише на студиите. Оттогаш, за многу кратко време, Јовановски се истакнал како еден од водечките драмски уметници во Македонија.

Јовановски за своите театарски, филмски и телевизиски улоги ги има добиено државни награди „Свети Климент Охридски“, „11 Октомври“ и „13 Ноември“. Тој е добитник и на наградите „Златна клапа“ во Белград, четирикратен лауреат на наградата „Милтон Манаки“, наградата „Петре Прличко“, наградата за животно дело „Војдан Чернодрински“, како и награда за животно дело на осмиот Балкан панорама филм фестивал во Измир 2022.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.