По повод смртта на македонскиот раскажувач, романописец, есеист, критичар и драмски автор и долгогодишен професор на Факултетот за драмски уметности во Скопје, Благоја Иванов, денеска во 12 часот на Академската сцена на ФДУ ќе се одржи комеморација.
Комеморацијата ќе биде последна прилика за целиот колектив на Факултетот за драмски уметности, во името на многу генерации студенти и колеги наставници, за последен пат да му оддадеме признание на професорот Иванов за исклучителната и посветена работа со која им ја предаваше љубовта кон драмската уметност на младите и им ги пренесуваше знаењата по предметите Југословенска драма и театар и Светска драма и театар, наведоа од ФДУ.
Иванов е роден на 4 февруари 1931 година во Скопје. Завршил Филолошки факултет во Скопје. Бил соработник, уредник и главен уредник на културниот сектор на Радио Скопје и директор на Телевизија Скопје и професор на Факултетот за драмски уметности.
Бил уредник на списанието „Млада литература“ и главен и одговорен уредник на списанието „Разгледи“. Бил дел од Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) од 1958 година, а бил и претседател на Друштвото. Членувал и во Македонскиот ПЕН центар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.