На 29 февруари 2024 година (четврток), со почеток во 20:00 часот, на сцената на штипскиот театар, ќе може да ја погледнете театарската комедија „Власт“.
Автор: според Бранислав Нушиќ
Режисер: Ѓорѓи Ризески
Драматург: Трајче Кацаров
Сценограф: Мартин Манев
Костимограф: Кети Пауновска
Композитор: Алмир Бајрамоски
Сценски Движења: Сања Русеска
Аниматор: Емил Пачковски
Дизајн – Фотографија и Видео: Емил Пачковски
Играат:
Арсо: Ефтим Трајчов Ѓаурски
Милан: Милорад Ангелов
Светозар: Никола Милошевски
Мица: Елена Шорова Дербов
Добре: Марко Трајковиќ
Секретарката: Ава Хусеини
Водител: Миланчо Ѓеоргиев
Сашо: Марко Трајковиќ
Сашка: Стефанија Митовска
Јасна: Ава Хусеини
Марин: Миланчо Ѓеоргиев
Јана: Стефанија Митовска
„Дај му власт на човека за да видиш каков е“… Тоа е точната реченица но не и точниот рецепт за оваа претстава. Дај му власт на човека за да видиш тие околу него какви се е поточниот пристап во ова дело… или пак: стапи на власт за да видиш кои и какви ти се пријателите.
Во ова дело гледаме ликови кои ставаат маски и го менуваат сосема своето однесување за всушност низ текот на претставата од нивните постапки да сфатиме кои реално и се истите низ своите толку јасно проѕирни маски.
Тематиката за жал е асполутно актуелна иако е ова постаро класично дело од авторот Нушич – за жал сметам и дека ќе биде многу актуелна во иднина… не само во нашите балкански простори – туку и насекаде низ светот. Тематиката на оваа драма е толку свежа што секој гледач би помислил дека авторот вчера ја напишал.
Сите луѓе ги интересира власта и некако не можат а да не знаат и можеби да не завидат на тој што е на Власт.
Билетите се продаваат по цена од 200 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.