Љубителите на германскиот јазик и култура ќе можт да уживаат во филмската вечер, организирана од Гете-институтот, на 31.05.2022.

Во Кинотека на Македонија со почеток во 20 часот ќе се прикажува шестиот и последен филм од серијата германски филмови на тема „солидарност” – „Кокон” на режисерката Леони Крипендорф.

Во мултикултурниот микрокосмос на нејзината населба во Берлин, 14-годишната Нора за повеќе работи го доживува својот прв пат. Таа добива менструација за прв пат, пуши марихуана, ја открива нејзината љубов кон другите девојки и ја запознава дивата Роми. Со неа, бучната област на Кројцберг одеднаш изгледа бескрајно голема и полна со скриена убавина. Во летната жештина таа се вљубува до уши во дивата Роми и учи да се залага за себе.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.