На 24.09.2022 година (сабота) во фоајето на Националната установа Центар за култура „Трајко Прокопиев” Куманово, со почеток во 18 ч. ќе се одржи „Книжевна вечер со Ана Бунтеска”.
Настанот е дел од Годишната програма за презентација , популаризације и афирмација на книжевноста, поддржана од страна на Министерство за култура. Настанот ќе биде збогатен со музика на пијано од младиот музичар Јован Цветкови.
Ана Бунтеска е родена во Скопје, своето детство го поминува на релација Скопје-Битола -Прилеп а во последно време и Охрид. Таа е поетеса која длабоко навлегува во поривите на душата, а професионално е брокер. Нејзиниот татко е познат новинар Лазо Бунтески за кој таа смета дека е од генерацијата на новинари кои ги поставиле темели на вистинското, професионално новинарство. Ана Бунтеска има пасија кон стари книги, просториите кај баба и биле полни со „купишта книги”, таа особено е горда на сопствената библиотека, и се воодушевува на полжотените страници. Има објавено три книги поезија: „Колку е потребно за среќа”, „Стави лајк на сопствениот живот”. Поетесата Ана Бунтеска е добитничка на наградата „Македонска книжевна авангарда”, наградата ја доделува Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација „Македонија презент”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.