НУ Кинотека на Република Македонија подржана од Европска Унија, во рамките на ЕРАСМУС + програмата, е носител на проект наречен И… Акција! Партнери во овој проект се: Здружение за образование во областа на природните науки, уметностите и архитектурата (Словенија), Ириг Мој Град (Србија), Асоцијацијата Екстрeмундо (Шпанија) и Здружение традиции, образование, историја и култура (Бугарија). Проектот … и Акција!, проект за образование, има неколку развојни фази, кои се одвиваат паралелно со тоа што се развиваат два интелектуални производи и паралелно се одвиваат обуки за креирање на видео записи за помош на наставници/професори во рамки на основното и средното образованието. Освен кај нас, обуките ќе се одржат во уште три земји: Шпанија, Бугарија и Словенија, со тоа што на нив ќе присуствуваат наставници/професори од сите партнерски земји.
Првата обука за создавање видео содржини за образование се одржи во нашата земја, во Велес, и на неа присуствуваа 20 учесници од сите партнерски земји кои следеа седумдневна обука. Тие се обучија да креираат видео содржини, научија на што да се осврнат во текот на создавањето на тие едукативни видеа, кои алатки да ги користат итн. Обуката се одржа од 23 до 30 август во Велес. Главен обучувач и автор на обуката беше нашата реномирана режисерка Марија Џиџева, а во обуката ѝ асистираа Илија Павлов и Филип Лафазановски, соработници на Кинотеката и млади филмски автори. Обуката со свои презентации ја збогатија и: проф. д-р Розалина Попова Коскарова, проф. д-р Атанас Чупоски, м-р Арсим Лесковица и м-р Александар Трајковски. Владимир Ангелов на учесниците на обуката, за време на нивната посета на Кинотеката, им одржа предавање за значењето на Кинотеката и за огромниот фонд на научно-образовни филмови што таа ги поседува, што и беше директен повод за развој оваа иницијатива т.е. проект.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.