Обмислено и намерно. Па и по традиција. Кинотека во јануари ќе им ја подари филмската програма – играната и анимираната – на најмладите. На оние за кои, мора да се признае, не е лесно да се направи разбирлив, гледлив филм кој ќе биде запаметен.

Кинотека се определи да започне по новогодишните и божиќните празници со прикажување на ЗОКИ ПОКИ, македонскиот телевизиски серијал, од 10 епизоди. Нема двоумење дека најмладите добро знаат што е тоа. Тоа адаптација на нивната омилена лектира, која датира од 1963 година, кога писателката Оливера Николова го издаде ЗОКИ ПОКИ.

Месец јануари ќе биде надополнет и со анимирани филмови од неодамнешната продукција. Најмладата генерација филмофили ќе биде во можност да ги проследи новите авантури на НИНЏА ЖЕЛКИТЕ, норвешката продукција ТИТИНА, германскиот анимиран филм на еколошка тема СМРДЛИВЦИТЕ – ДОБРЕДОЈДОВТЕ ВО СМРДВИЛ, рускиот МАЧКИ ВО МУЗЕЈОТ, БИБИ И БОБИ: ПРОЛЕТНА МАГИЈА…

Вака ќе заврши филмскиот караван КИНО УТРО на кинотека во јануари. Во февруари, филмофилите ги чека ново изненадување.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.