Осмото издание на Меѓународниот фестивал на дебитантски филм „Киненова“ (13-18 октомври) се отвора на 13 октомври, во скопското кино „Синаплекс“ со проекција на долгометражниот игран филм „Зад стоговите сено“ (Behind the Haystacks), дебито на грчката режисерка Асимина Проедроу, во кој копродуцент е и македонската куќа „Сектор филм“. „Зад стоговите сено“ доби десет награди на годишната церемонија на Грчката филмска академија.
На денешната прес конференција директорот на Фестивалот, Небојша Јовановиќ, ја претстави програмата која изобилува со филмови кои користат и класични и екпсериментални концепти. Тој го соопшти годинешниот добитник на наградата за особен придонес во филмската уметност, српскиот актер Бранислав Лечиќ.
Лечиќ (68) е популарен српски глумец, кој беше обвинет за силување од страна на српската актерка Даниела Штајнфелд. Подоцна Вишото јавно обвинителство во Белград ја отфрли кривичната пријава против Лечиќ.
Ние уште во 2018 година го почнавме процесот околу номинацијата на Лечиќ за добитник на наградата, бидејќи така оди тоа со Фестивалите. Кога во 2020 беше обвинението, ние го прекинавме процесот. Двапати го одбивме Лечиќ, и кога тој доби ослободителната пресуда, решивме, како Фестивал, да ја добие наградата, изјави директорот на Фестивалот Јовановиќ.
Лечиќ ќе дојде во Скопје, на 12 октомври, на прес-конференцијата пред почетокот на „Киненова“, ќе присустува на доделувањето на наградата и во негова чест ќе биде прикажан филмот „Професионалец“.
Со изборот на филмовите кои ги имаме и во кратката програма и во официјалната имаме многу филмови кои обработуваат женски теми и прашања, филмови од женски авторки. Ние не судиме, си има суд за тоа, наградата е за неговото творештво, објасни Јовановиќ.
Македонската режисерка Елеонора Венинова, чиј дебитантски долгометражен филм „Преесконирано“ ќе биде во официјалната програма на „Киненова“ рече дека како жена, авторка и режисерка, не се согласува со одлуката на Фестивалот Лечиќ да биде добитник на наградата.
Главната селекција ја започнвме да ја градиме почнувајќи со два филма од годинешново Берлинале прикажани во Главната и програмата Панорама: „20.000 видови пчели“ на исклучителната баскијка Естибалиц Уресола Солагурен. Овој филм годинава е кандидат за Оскар на Шпанија, вклучен во 40. играни филмови кои се во трка за Европскиот оскар, а нејзиниот краток филм „Хорда“ исто така е во конкуренција за најдобар краток филм кандидат за Европската филмска награда и контроверзниот „Женствена“, на двоецот Сем Фриман и Нг Чон Пинг од Велика Британија, осведочени поборници за родовата еднаквост и правата на ЛГБТ заедницата, со своето деби за прославената драг кралица и уметница Афродита Бенкс соочена со нејзиниот кошмар и справувањето со него. Филм за кој се бараше карта повеќе на Берлинскиот фестивал, а потоа беше прикажан и во Монтреал, Единбург, Сараево итн.
Единствениот македонски филм што ги предизвика нашите сетила и нашето внимание, а е во главната компетициска програма, е филмот „Преекспонирано“ на Елеоноира Венинова, филм кој диши со една сценаристичка и режисерска свежина и отвора нови дилеми за секоја атракција која е незаобиколна за нашето око и тело, рече Гене Теодосиевска, уметничка директорка на Фестивалот.
Теодосиевска рече дека во рамките на Киненова ќе бидат прикажани четири играни филма од најновата Полска кинематографија, а понудени како партнерска програма на Киненова и Вистула ФФ.
Годинава ќе ни гостува директорката на овој фестивал Малгорзата Скулска, познатиот режисер, сценарист, кинематографер, мултимедијален ументик Лех Мајевски со неговиот најнов игран филм Брижит Бардо, прекрасната и актерката филмот Опасен господин, Марта Ојрзинска. Останатите два филма се филмот на Јан Холубек 25 години невиност, случајот на Томек Коменда и филмот, рече Теодосиевска.
На денешната прес-конференција присуствуваше и режисерката на „Преекспонирано“, Елеонора Венинова.
Големо задоволство ми е што сме селектирани во официјалната програма на МФФ Киненова бидејќи ова ќе биде првиот македонски фестивал на кој имаме официјална селекција за филмот, но и бидејќи во некои од поранешните изданија на Фестивалот работев и како предселектор на кратките филмови. Светската премиера на филмот се случи во ноември минатата година во Каиро, а во меѓувреме беше на уште десеттина фестивали. Следува учество на фестивал во Женева, Луксембург и на уште еден фестивал кој сеуште не ја објавил програмата, па не смеам да го споменам, истана Венинова, која подвлече дека особено и е драго што имаме Фестивал кој го слави првиот, вториот, па и третиот филм на режисерите затоа што навистина е тешко да се добие место, да се биде селектиран на некој Фестивал, рече Велинова.
Проекциите на сите филмови ќе се одвиваат во Синеплекс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.