ЈОУ Културен и Информативен Центар-Битола, институција основана пред неколку месеци во 2021 година, најави богата културна програма што ќе ја реализира оваа година. Програмските активности ќе се одржат во два објекти со кои располага таа општинска установа, односно Кино „Манаки“ и Офицерски дом во Битола,
Во делот на музичка дејност, а со одлука на Советот на Општина Битола, КИЦ-Битола ќе може да го возобнови фестивалот Серенада фест и да организира музички смотри со хорски настапи. Во танцовата и балетска дејност планиран е натпревар за модерен танц и модерен балет, а театарската дејност ќе биде збогатена со летен отворен театар, Моно-дуо драми и детски театар.
ЈОУ КИЦ-Битола на платото пред Офицерскиот дом ќе ги врати и за публиката ќе организира модна ревија, настани кои пред неколку децении предизвикуваа голем интерес и посетеност во тој град, а се очекува и претставувања на модни креатори и нивните креации.
Според утврдената програма за работа на КИЦ-Битола, соодветно внимание ќе биде посветено на филмската дејност, ликовната дејност, музејска дејност но и занаетчиската дејност за што планирани се изложби на уметнички накит, луксузен накит и изложба на ракотворби.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.