Само Свети Климент може да ве благослови, а Охрид да ве дарува со вечност, рече амбасадорот Јордан Плевнеш кој годинава ја понесе Свети Климентовата награда за животно дело што ја доделува Општина Охрид во чест на заштитникот на градот Охрид, Св. Климент.

Сум добил многу награди, вели Плевнеш, но оваа највисока општинска награда за мене има посебно значење.

Имаше една голема церемонија во француската академија кога добив гран при за животно дело и тогаш беше возбудата многу голема,но кога прочитав и ми го испратија писмото од општината во името на градоначалникот и стручната комисија, во мене се роди едно чувство дека само Охрид може да ве дарува со вечност, рече амбасадорот Јордан Плевнеш



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.