Односот кон поезијата треба да се гради стратешки, институционално и осмислено. Во денешното технократско време, поезијата е наша насушна потреба. Тоа не е нешто напишано и наменето само за интелектуалци, туку е производ на духот, наменет за широка потрошувачка. Имаме задоволителен квалитет што треба да биде поддржан, за македонската поезија да биде видлива и на европската поетска мапа.
Како што вели во изјава за МИА, ќерката на Ацо Шопов, Јасмина Шопова, која е потпретседателка на Фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“, луѓето сметаат дека поезијата е прашање на елита, но, како што потенцира, поезијата не треба да се разбере, таа треба да допре до публиката.
– Многу луѓе ми рекле „Не се разбирам јас во поезија“. Нема што да се разбираш или да не се разбираш во поезија. Поезијата треба да допре до публиката. Самата поезија која што луѓето понекогаш ја сметаат како нешто затворено, нешто неразбирливо кажува толку многу вистини за нашиот живот. Само кога ќе ни дојде нешто тешко, ќе се присетиме на некој стих. Да речеме, често се присетувам на стиховите на татко ми „Ако носиш нешто неизречено, нешто што те притиска и пече, закопај го во длабока тишина, тишината сама ќе го рече“, вели Шопова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.