Вечерва, со почеток во 20 часот во галеријата на Младинскиот Културен Центар ќе биде отворена самостојната изложба на илустраторот Иван Петрушевски – Флим со наслов „Јас сум дух“.

Тема на поставката е заборавениот поранешен дизајн на лампи и лустери од 70-тите години.

Носталгичната енергија на овие предмети е преточена во два дела – серија графики и светлосна инсталација. Поставката дава нов живот и значење на колекционерството на стари лампи – се вели во објавата на МКЦ.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.