Фестивалите „Перформанс платформа“ и „Прво па женско #12“ заедно со Центарот за иновација во уметноста и културата „Локомотива“ и платформата „Тииииит!“ ја најавуваат изведбата на претставата „Свет без жени“ на авторките Олга Димитријевиќ и Маја Пелевиќ.

Претставата ќе се одигра на 16 мај (четврток) на Академската сцена на Факултетот за драмски уметности во Скопје со почеток во 20 часот.

„Жените и работата – тоа е главниот мотив на проектот Свет без жени. Авторките тргнуваат од истражувањето за структурните нееднаквости во театарот во Србија: родова нееднаквост, нееднаквост во плати, нормализирано насилство, репродукција на патријархални капиталистички матрици. Истражувањето ги отвора прашањата: кој има право на работа, под кои услови и колку треба да биде/ат платен/а/и? Претставата ги пропрашува размерите на ангажираната уметност денес и љубовта (кон уметноста) како најподмолен извор на социјална репресија“, се вели во описот.

„Свет без жени“ ја освои наградата од публиката на Белградскиот меѓународен фестивал на театарот“ во 2022 година.

По изведбата, во рамки на дискурзивната платформа на Локомотива и Тиииит! Инк. – Дијалогот што недостасува, ќе следи разговор со авторките модериран од Калиа Димитрова, уредничка на платформата Медуза.

Влезот е слободен. Поради ограничениот број седишта, резервација може да се направи на [email protected].



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.