Изложба на слики „Underpainting“ од Билјана Билбилоска е отворена во Cite Internationale des Arts во Париз. Таа ќе се претстави со дела изработени во акрилна техника.
– Главниот белег на оваа изложба е насочена кон истражувањето на палетата на бои на Леонардо да Винчи, на неговите три капитални дела во Лувр, како и истражување на неговата специфична техника на работа, универзално позната како Underpainting., или сликање во неколку слоеви на боја, при што главниот хроматски призвук е диктиран од првото обоено ниво, соопшти Билјана Билбилоска.
Според неа, мајсторството на Леонардо да Винчи да ја доведе сликата до ладна атосфера со топли бои е факт кој до ден денес фасцинира и остава широк простор за размислување.
Билјана Билбилоска изминатите неколку седмици престојува во познатата куќа на уметниците во Париз, во квартот Le Marais.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.