„Три генерации Ташковски” е насловена изложбата со уметнички слики од авторите Ристо Ристовски, академик Васко Ташковски и Лара Ташковска, отворена во Музеј галеријата во Кавадарци.

На настанот беше кажано дека станува збор за татко, син и внука. Изложбата е преземена од МАНУ и се состои од шеесетина дела.

Изложбата ја отвори директорот на музејот, Јаким Зимоски, кој нагласи дека таа е од големо значење за оваа културна институција. Зимоски се заблагодари на локалната самоуправа и градоначалникот и на Министерството за култура.

На отворањето говореа академик Ташковски и Лара Ташковска, кои ги поздравија посетителите и се заблагодарија на гостопримството, а за нивните дела говореше виш кустос историчар на уметност  Трајче Цветков.

Цветков рече дека се работи за едно од најпознатите сликарски семејства во државата, осврнувајќи се на творештвото на тројцата уметници.

Изложбата е со продажен карактер и може да се посети секој работен ден од 8 до 16 часот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.