Музејот на град Скопје, постави дел од изложбата „СКОПЈЕ ’63 – филмска хроника на едно време“, подготвена во 2014 година, на 50-годишнината од промоцијата на документарниот филм „СКОПЈЕ ’63“ на режисерот Вељко Булајиќ.

Изложбата е поставена по повод неговата смрт. Истата е потсетување на големото дело на режисерот Булајиќ, филм наградуван на престижните филмски фестивали.

Во рамки на изложбата, во соработка со Кинотеката на РС Македонија, ќе биде прикажан и документарниот филм „СКОПЈЕ ‘63“.

Изложбата ќе биде поставена од 4 до 15 април 2024 година



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.