Нова изложба насловена „Невидливи светови“ на Киро Урдин е отворена синоќа во Хајде, во близината на Антверпен, која ја реализира интернационалниот галерист Клаус Пас.

По минатогодишната успешна презентација на неговите уметнички дела во светот – во Zvarte Panter (Антверпен), El Espacio (Мајами), African Heritage Cultura Arts Center ( Мајами), Art Galery Constantin Brancusi (Мајами), Palace of the Parlament ( Букурешт), Museum National of Literature ( Букурешт), MNB National Museum Brukenthal ( Сибиу -Романија), сега неговите креации ќе можат да ги видат љубителите на уметноста во Белгија.

Изложбата ќе биде отворена до 12 мај.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.