Изложбата „Современа скулптура“ на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) ќе се отвори на 31 октомври 2024 година во Галерија Ко-Ра, Дом на култура „Кочо Рацин”, Скопје со почеток во 20 часот.
Оваа изложба на ДЛУМ е дел од програмските активности и е можност за групно претставување на поновите истражувања и идеи во рамки на современата скулптура. Уметниците истражуваат и експериментираат низ формата и изразот, а нивните креативни авантури се материјализираат преку финалниот облик на идејата.
На изложбата ќе учествуваат со дела авторите: Нела Јанковска, Слободан Милошески, Стефан Анчевски, Златко Бојковски, Златко Глигоров, Анѓел Димовски Чауш, Христијан Качаревски, Маја Кировска, Перо Кованцалиев, Доротеј Нешовски, Синиша Новески, Марина Цветановска-Мартиновска, Славчо Павловски, Татјана Ристовска, Ана Димчевска Семенпеева и Гоце Стоилковски.
Секоја година семејството Митриќески доделува награда за најдобра скулптура, која што ќе биде соопштена на отворањето на изложбата.
Изложбата се реализира со финансиска поддршка на Министерството за култура и туризам и ќе биде отворена до 11 ноември годинава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.