По повод одбележувањето на 150 години македонски железници, во Музејот на град Скопје ќе биде отворена изложбата „ДОБРЕДОЈДЕ ВО СКОПЈЕ“.

Изложбата ја следи историјата на железниците од нивната појава во светот, развојот на железниците во Македонија, со посебен акцент на железниците во Скопје, почнувајќи од 1873 година сè до денес. Изложбата е збогатена со амбиент и витрини во кои се поставени музејски предмети од фондот на Музејот на град Скопје.

Автор на изложбата е Зоја Богдановска, кустос советник историчар. Изложбата ќе биде отворена на 12 април во 19:30 часот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.