По повод Светскиот ден на менталното здравје, во фоајето на Домот на култура „Илинден“ во Демир Хисар денеска во 10:30 часот ќе биде отворена ликовната изложба „Визуелни спознанија“.
Станувало збор за ликовни дела што содржат интимни приказни на самите автори, соопштуваат од Центарот за креативни индустрии „Небо“.
Сликите се визуелен говор на потсвесните емотивни и психолошки состојби на учесниците и истите во голема мера се од големо значење во областа на спонтаното творештво и арт брут уметноста, се наведува во соопштението.
Изложбата е резултат на сликарска работилница одржана во Психијатриската болница, под менторство на уметникот Тони Попов и Центарот за креативни индустрии – „Небо“, а финансиски поддржана од Министерството за култура, преку Програмата проекти од национален интерес во културата за 2024 година.
Oд 2018 година, Центарот за креативни индустрии – „Небо“ активно работи на темата ментално здравје и преку своите активности во соработка со Психијатриската болница во Демир Хисар, се залага за подигнување на свеста за важноста на менталнтото здравје и разбивање на стигмите околу менталните болести. Сликарските работилници организирани од страна на Центарот, имаат терапевтска функиција, чија цел е увид во психолошко-емоционалните состојби, што за време на креативното творештво, визуелно се пресликуваат и стануваат одраз на сите потсвесни состојби со што човекот секојдневно се соочува, се појаснува во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.