Изложбата „Таен премин кон Месечината“ на Ване Костуранов ќе се отвори на 28 ноември во 18 часот, во галеријата „Метаноја“, ул. Максим Горки бр. 19 во Скопје.

Изложбата ќе трае и во текот на јануари 2024.

Конечното уметничко дело е комплетирано преку ‘техне’ и ‘логос’ не во смисла на современиот композит ‘технологија’, туку во смисла на егзистенцијалната феноменологија. Овие два концепта се неизбежно поврзани на нивото на соодносот меѓу уметничкото (τέχνη) и словесното (λόγος ). Процесот на креативната концептуализација со бои и четка и мисловната концептуализација со зборови и перо овозможуваат артикулација на она што генерички се именува како духовно. Притоа ‘техне’ ја претставува естетската рефлексивност, а „логос“ ја изразува контемплативната поетичност. Куќичките, дрвјата, патеките, Сонцето и Месечината на Костуранов се уметничка поезија“, вели рецензентот д-р Коста Милков.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.