Изложбата проследена со предавања кои се дел од проектот „На извориштето на македонскиот институционален театар, Македонски народен театар 1913-1941 “ ќе биде презентирана на 25 октомври во малата сала на Факултетот за музичка уметност со почеток во 17.00 часот.

Истата ќе биде повторена на 7 ноември на Факултетот за драмски уметности со почеток во 13.00. Врз основа на анализата на истражениот материјал од архивите ќе се одржи предавање од страна на Соња Здравкова-Џепароска, Ана Стојаноска и Христина Цветаноска.

Изложбата содржи материјали од првите години на постоење на театарот на македонско тло со детален попис на претставите кои се изведувани, гостувањата и дел од фото материјалите од овој период.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.