В четврток, на 5 септември, со почеток во 17 часот ќе биде свечено отворена дуо
изложба со наслов „Неконечен дијалог” на Петра Јовановска и Вит Павлик во
Чешка, во просториите на музејот на градот Кдиње.
Двајцата уметници ќе се претстават со ликовни дела изработени во техника
акрил на платно. Ќе се обидат да започнат еден ликовен дијалог, кој наскоро
ќе го продолжат и во Скопје, но со друг ликовен концепт, други ликовни дела
создадени во други техники.
Изложбата свечено ќе ја отвори Вацлав Сика, кураторот на изложбата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.