Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, пак, ќе може да се посети изложбата на уметничка фотографија „Жените и фотографијата 2024″. Изложбата е организирана од фотоклубот „Куманово“, во соработка со Центарот за култура и со Општина Куманово.

„Оваа изложба не само што го одбележува Меѓународниот ден на жената, 8 Март, туку, исто така, ги слави и неизмерниот талент и креативноста на жените фотографи од Македонија. Овозможивме простор за учество на 48 фотографки, кои со своите 270 фотографии нè оставија без зборови. Нивната преданост и страста кон уметноста на фотографирањето се одразени во секој кадар и во секој момент зграбен преку светлината во објективот. Селекцијата на 50 фотографии беше тешка, бидејќи секоја фотографија носи нешто специфично со себе, нешто што ги искажува видувањето и искуството на авторката. Но, на оваа изложба, секоја избрана фотографија претставува еден аспект на женската моќ и влијание во современиот свет на уметноста. Овој настан не е само прилика за нас да му се восхитуваме на фотографското уметничко изразување на жените туку, исто така, е и прилика да се потсетиме на важноста на рамноправноста во уметноста и во секој аспект на нашето општество“, се вели во најавата на изложбата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.