Во македонската амбасада во Париз денеска ќе биде отворена изложбата „Паришки нацртан филм“ на современата македонска сликарка Јана Манева-Чупоска.
Изложбата се состои од цртежи изработени на триесет метри цртачка хартија во форма на филмска трака. Оваа изложба е нова и е создадена во период од два месеца како резидент во македонското ателје при меѓународниот резидентски центар во Париз (Cite Internationale des arts).
Како што е најавено, изложбата ќе ја отвори вршителот на должност Рафет Хајдари и француската уметничка Роземан Робино (Roseman Robinot), која е исто така моментален резидент во меѓународниот резидентски центар во Париз (Cite Internationale des arts) .
Изложбата е дел од програмата проекти од национален интерес за 2023 година при Министерство за култура.
Втората изложба на Манева – Чупоска ќе биде отворена на 25 октомври во македонското ателје во рамки на Меѓународната резиденција во Париз. (Cite internationale des arts Paris).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.