Во понеделник, на 18 ноември, од 20 часот во Галеријата на Младински културен центар (МКЦ) ќе се отвори изложбата „Youclidean“ на Елена Гелева.
Суштината во делата на Гелева кои кореспондираат со „Големиот бран“ на јапонскиот уметник Кацушика Хокусаи е:
-повторливоста на космосот со секвенци на привидна оригиналност.
Токму тие блесоци на временско индивидуално доживување можеме математички прецизно (ЛИКОВНО) да го восприемеме од платната на Елена.
Делата се… вид на тантра која е холистички пристап кон животот, кој ги поканува спремните поединци да ги истражат и интегрираат своите духовни и физички размери за подлабоко и поврзано суштествување.
Непотребно е било какво понатамошно анализирање и „дрдорење“ за делата на Елена Гелева која е земно млада уметница но од друга или иста страна, зрела и возрасна авторка која со своите дела има освоено врв, или една единствена точка од „големиот бран“. 1,1,2,3…
Есенско утро, вели Горјан Ѓорѓиев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.