Од НУЦК „Браќа Миладиновци“ – Струга информираат дека на 8 јули, сабота, во локалот „На Струга Дуќан“, кој се наоѓа во струшката чаршија, ќе биде отворена изложбата „Што е тоа е“ на Ана Трајковска.
Со почеток во 18 часот, на петтата самостојна изложба на уметницата, ќе бидат претставени петнаесетина графики, а изложбата ќе биде отворена за јавноста до 13 јули.
Aна Трајковска е родена 1995 година во Скопје, Р. Македонија и е дипломирана графичарка Дипломиран графичар во класата на Зоран Јакимовски, отсек графика со модул конзервација и реставарција. Магистрира на истиот факултет во 2021 година. Главно насочена кон графиката како медиум и различните можности кои може да ги даде, експериментирајќи се обидува да пронајде нов начин на визуелно комуницирање применувајќи ја оваа техника, и интегрирајќи со други медиуми и визуелни форми, трагајќи по начини да ја оддалечи од најзиното традиционално восприемање. Таа има освоено награда од ДЛУМ за изложбата ,,Нови енергии” 2021, добитник на награда за најдобра графика од Агенција за млади и спорт на Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.