Завршниот настан „Дигитално омоќување и родова еднаквост: Изложба и промоција на публикација за дигитално родово базирано насилство“ ќе се одржи на 6 март 2024 година од 19 до 21 часот во МКЦ, Горно Фоаје.
Дел од настанот ќе биде и изложбата на дизајните на графичката дизајнерка Теано Кардула, кои беа дел од нашиот креативен израз за време на кампањата 16 дена активизам против родово-базирано насилство.
Во рамки на настанот ќе биде промовирана и публикацијата на Мрежа Стела „Надвор од екранот: Разоткривање на дигиталното родово насилство низ критички осврт“, која се состои од 10 есеи и една поема – сите напишани за различни аспекти на дигиталното РБН.
Настанот ќе биде отворен со читање на моќната поема The Female Rage, од Фатос Груби, напишана за публикацијата.
Ве очекуваме да бидете дел од настанот за заедно да покажеме колку е важно да се адресира дигиталното РБН и да ја покренеме свеста кон општество ослободено од насилство!
Настанот се организира во рамките на иницијативата „Кога дигиталното родово-базирано насилство излегува надвор од екранот“. Проектот е финансиран од страна на Швајцарската амбасада во Скопје, а целта е секој поединец да знае како да се заштити себеси како и своите блиски од сајбер насилството.
Пријавете го вашето учество на формата https://forms.gle/vBvSYqG2YcHbY51U9
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.