Во ликовниот салон на Центарот за култура во Кичево вечер ќе биде отворена изложба на фотографии од збирката на двајца хроничари родум од Порече, кои во оваа колекција од слики ги имаат застапено црквите, спомен-обележјата и други знаменитости. Дел од овие фотографии се изработени од птичја перспектива, од дрон.

Вечерва со почеток во 18:30 часот во изложбениот салон од Центарот за култура во Кичево ќе биде отворена ликовната изложба „Културно-историски споменици, цркви и манастири од Порече“. Оваа изложба ја сочинуваат 47 фотографии од збирката на Цуте Крајчески и Дончо Наумоски. На овие фотографии се наоѓаат дел од црквите и спомен-обележјата низ поречките села, како и дел позначајни споменици од НОБ и историјата на Порече, истакна Мазлам Османи, директор на Центарот за култура во Кичево.

Тој потсети дека ова е втора изложба во оваа календарска година, а финансиски поддржана од Министерството за култура.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.