Изложбата „Од семејно кон институционално културно наследство – семејство Шабан“, ќе биде отворена на 17 ноември (четврток) со почеток во 19 часот во Музејот на македонската борба
за самостојност.
Изложбeната експозиција ја презентира пред јавноста богатата донација на музејот од семејството Шабан, која содржи лични предмети во временски интервал подолг од 200 години, подарени од Џангул Шабан.
Музејските предмети класифицирани во категориите лични, домашни покуќнински и метални предмети, нѐ носат низ спомените на три генерации, претставници на семејството Шабан. Нивната семејна историја се простира низ четири државни системи на една иста територија и го прикажува придонесот на носителите на презимето Шабан кон професионалниот политички и социјален живот на овие простори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.