Бројни гости од Тирана, од јавниот и од културниот живот, дипломати од повеќе земји, од Германија, Јапонија, Велика Британија, од Франција се собраа синоќа во Македонскиот културно-информативен центар во Тирана на отворањето на изложбата на графичкиот дизајнер и уметник Зоран Кардула.
Делата на еден од најреномираните македонски современи уметници, графички дизајнер кој веќе 20 години ја привлекува јавноста со својата естетика и актуелност добија нова потврда на својата вредност, што се манифестираше со реакциите на публиката.
Специјалитетот, крушевски локум и атмосферата со DJ Узун Баба беа дел од автентичноста на вечерта за што се погрижија директорот на Македонскиот КИЦ, Златко Ориѓански и уметникот Кардула.
Изложбата ќе биде отворена следните неколку месеци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.