По повод своето 1 000 издание, одбележувајќи го овој јубилеј, Издавачкиот центар ТРИ, донираше 1 000 наслови на три библиотеки: Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Битола, „Григор Прличев“ во Охрид и „Гоце Делчев“ во Гевгелија.
Оваа донација, информираат од Издавачкиот Центар ТРИ, ќе ги збогати бибилиотеките со наслови што заслужуваат да бидат читани и ќе ја зацврсти врската меѓу книгите и читателите, со тоа што ќе им овозможат на читателите од своите градови поголема достапност до донираните наслови од домашната и светската литература.
Станува збор за книги од истакнати автори кои ја продолжуваат традицијата на македонската квалитетна книжевност, и за темелници во светската класика, како и за современи модерни дела, велат од тимот на издавачката куќа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.