Гете-медалите за 2024 година ги добиваат три борбени жени: театарската менаџерка Кармен Ромеро Керо од Чиле, книжевната преведувачка Клаудија Кабрера од Мексико и културната менаџерка Искра Гешоска од Македонија.
Сите три добитнички на награди ги обединува нивното безусловно верување во моќта на културата да го промени општеството. Тие „не дозволуваат да бидат обесхрабрени од контра ветровите и пречките“, вели Карола Ленц, претседателка на Гете-институтот, во интервју за ДВ.
Најважната награда во надворешната културна политика на Германија ќе биде доделена на церемонија на 28 август, во градот на Гете – Вајмар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.