Претставата „Инферно“ според Данте Алигиери во режија на Дејан Пројковски и драматургија на Сашо Димоски, која пред бројната публика синоќа беше изведена на сцената на велешкиот Народен театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“, поради големиот интерес на ќе има три репризи – во четврток на 3 ноември, во петок и сабота најави денеска за МИА Сашо Димоски директорот на велешкиот театар и воедно драматург на претставата.
За оваа претстава, заедно со техничкиот дел во реализацијата, се вклучени 63 лица, а подготовките започнаа на крајот на мај, а завршија со синоќешната премиера. Таа е прва од годинашната програма на Министерството за култура, а втора премиера годинава на велешкиот театар. Димоски информира дека оваа претстава е едно поинакво читање на „Пеколот“ на Данте Алигери, според претстава насловена на оригиналот до првиот дел има комедија односно „Инферно“.
Станува збор за претстава за фрлање на ново светло на пеколните аспектите на темното во секој од нас низ цивилизацијата и нејзиниот развој, појаснува Димоски.
Тој информира дека во режија на Дејан Пројковски во оваа претстава се искористени максимално севкупните најсовремени технички и технолошки капацитети и потенцијали на големата сцена на велешкиот театар. Со тоа се демонстрира неговата особеност во регионот како национална установа од областа на изведувачките уметности.
Сценограф е Валентин Светозарев, костимограф – Раде Василев, композитори – Горан Трајкоски и Сашко Костов, кореограф Олга Панго, сценски движења – Васил Зафирчев, видео Борче Конзулов и шминка Зорица Цветковска. Улогите во претставата ги толкуваат : Данте: Исидор Јовановски, Вергилиј: Васил Зафирчев, Демонот на мајкоубијците: Кети Борисовска, Демонот на завидливите: Фаик Мефаилоски, Ангелот на кривоверците: Симона Димковска, Демонот на властољупците: Благојчо Стојанов, Демонот на злобните: Томе Станковски, Демонот на прељубниците: Христина Цветаноска, Демонот на самоубијците: Марија Баркова, Луцифер: Жарко Спасовски, Беатриче: Орхидеја Дукова, Непознатата: Зорица П. Панчиќ и Мудреци: Томе Станковски, Бранко Михајлоски, Никола Петковиќ. Жители на пеколот: Кети Борисовска, Симона Димковска, Благојчо Стојанов, Томе Станковски, Христина Цветановска-Станковска, Марија Баркова, Кристина Зафирова, Бранко Михајлоски, Илин Јовановски, Никола Петковиќ, Тодор Стојковски, Срна Дуковска, Леонида Гулевска.
Освен актери од велешкиот театар во претставата учествуваат студенти од завршните години или веќе дипломирани од Универитетот „ЕСРА“.
На еден од двата плакати за претставата „Инферно“ е претставена поранешната велешка Топилница.
Злото има многу метафори и се манифестира во многу облици. Она кое што е карактеристично за Велес како културолошка средина, а во нејзиното минато е и Топилницата, затоа ја има и на еден од двата официјални плакати за претставата, појасни Димоски.
Инаку екипата на велешкиот театар работи на две нови премиери, едната за ноември, а другата за декември. Во ноември претставата „Татко“ во режија на Ненад Витанов, а во декември „Теута и Антигона“ авторски проект на режисерот Дејан Ангелов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.