Во куќата односно ателјето каде живеел и творел познатиот македонски ликовен уметник, Борко Лазески, вечер со почеток во 19 часот ќе се одржи промоција на книгата со негови циклус цртежи насловена „Пештански рибари“ и отворање на изложбата по повод промоција на книгата.
На изложбата ќе бидат претставени избор од делата од Борко Лазески претставени и во книгата – циклус цртежи на големиот македонски уметник и еден од основоположниците на македонската современа ликовна уметност. Делата се работени во 1939 инспирирани од животот и работата на пештанските рибари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.