Музеј на Македонија соопшти дека почина Сретко Јовановски, конзерватор на камена пластика, кој целиот свој работен век го посвети на унапредувањето на музеологијата.
Јовановски е роден 1953 г. во Гостивар. Од 1959 г. живее во Скопје каде завршува основно образование и училиште за применета уметност. Во 1975 г. се запишува на Академијата за ликовна уметност во Љубљана, Р.Словенија и дипломира во класата на Драго Тршар. По враќањето во Скопје работи како конзерватор на камена пластика во Музејот на Македонија.
Имам посебна наклонетост кон оваа скулптура.. изјави авторот Сретко Јовановски во едно неодамнешно интервју.
Освен оваа скулптура во центарот на градот Скопје се наоѓа и споменик на Ѓорѓија Пулевски кој е исто така негово дело.
Од Јовановски се простија и колегите од Археолошкиот музеј.
Нè напушти Сретко Јовановски, конзерватор на камена пластика, кој целиот свој работен век го посвети на унапредувањето на музеологијата. Својот професионален придонес го даде во реализацијата на многу изложби во Музејот на Република Македонија, а свој особен белег остави и во постојаната поставка на Археолошкиот музеј на Република Македонија како раководител на стручниот тим за конзервација на музејските предмети во лапидариумот, како и во конзервацијата и реставрацијата на темплонот од Суводол. Својот скулпторски талент особено го презентираше со изработката на реконструираните ликови претставени преку бисти во антрополошката поставка, како и во Музејот под отворено небо во Тумба Маџари.
Дело на „нашиот маестро“ е скулптурата на пајонската свештеничка која е поставена пред влезот на Археолошкиот музеј на Република Македонија, како и скулптурата на Ѓорѓија Пулевски во непосредна близина на Камениот мост во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.