Во рамките на летниот фестивал “Охридско лето”, ќе се одржи грчка вечер со концерт на гудачкиот квартет „Емилиос Риадис“ во петок, 21 јули, во црквата Света Софија во Охрид.

Првиот концерт е од 19 часот во Предворјето на „Света Софија“, со настапот на ансамблот „Елиас Ладино“, во состав Ден Елиас на кларинет, Марко Брем – контрабас, Скот Вилсон –  уд и канoн и Кејси Бонд – думбек (тарабука), чии членови ја враќаат дома музиката на македонските Евреи. Од 1976 години ансамблот изведува сефардска музика на концерти и фестивали низ целиот свет.

Кларинетистот Даниел Елиас, основачот на групата ја слушнал музиката својствена за битолските Евреи преку песните кои неговата баба му ги пеела на неговиот татко.

Морис Седака, исто така потекнува од семејство на сефардски музичари. Неговите мајка и дедо, исто така пееле песни кои ансамблот денес ги изведува.

Гудачкиот квартет „Емилиос Риадис“ ( Андреас Папаниколау – виолина, Јоргос Кујумѕоглу – виолина, Александра Волци – виола, Лила Манола – чело) опстојува на камерната музичка сцена повеќе од 17 години. Оформен е во 2005 година од музичари на Симфонискиот оркестар на Солун. Квартетот го доби името по истакнатиот грчки композитор Емилиос Риадис по потекло од истиот град. Овој квартет се смета за еден од најзначајните камерни ансамбли во Грција, со настапи на сите значајни музички фестивали во земјата. Низ годините соработуваше со истакнати грчки и странски композитори и гости-музичари. Репертоарот на ансамблот опфаќа широк спектар на дела од раниот барокен период до денес.

Љубителите на музиката ќе имаат можност да ги проследат следниве дела: „Варијации од гудачки квартет бр. 1 во Г“ («Variations from String quartet No 1 in G») од Емилиос Риадис, „Додеканезиска свита“ («Dodecanesian Suite» ) од Јанис Константинидис, „Гудачки квартет бр.2“ («String Quartett nr.2») од Константинос Григориу, „Грчки танци“ («Greek Dances») од Никос Скалкотас и „Гудачки квартет Op. 80 in f minor“ (“String quartet Op. 80 in f minor”) од Ф. Менделсон.

Вториот концерт е резервиран за Грчката вечер со настапот на гудачкиот квартет „Емилиос Риадис“ од 21 часот, во црквата „Света Софија“.

Љубителите на музиката ќе имаат можност да слушнат „Варијации од гудачки квартет бр. 1 во Г од Емилиос Риадис, „Додеканезиска свита“ од Јанис Константинидис, „Гудачки квартет бр.2“ од Константинос Григориу, „Грчки танци“ од Никос Скалкотас и „Гудачки квартет оп.. 80 од Ф. Менделсон.

Гудачкиот квартет „Емилиос Риадис“ составен од уметниците Андреас Папаниколау – виолина, Јоргос Кујумѕоглу – виолина, Александра Волци – виола и Лила Манола на виолончело, опстојува на камерната музичка сцена повеќе од 17 години. Оформен е во 2005 година од музичари на Солунскиот симфониски оркестар.

Квартетот го доби името по истакнатиот грчки композитор Емилиос Риадис по потекло од Солун. Овој квартет се смета за еден од најзначајните камерни ансамбли во Грција, со настапи на сите значајни музички фестивали во земјата. Низ годините соработуваа со истакнати грчки и странски композитори и гости-музичари. Репертоарот на ансамблот опфаќа широк спектар на дела од раниот барокен период до денес.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.