Долгогодишниот член на Градскиот дувачки оркестар, Мицко Дамњановски за Радио МОФ вели дека со целата ситуација со хонорарците со МКЦ никој не го споменува овој Оркестар, за кој имало активни договори за 2023 година, но сепак музичарите останале без пет исплатени хонорари.
Според него, тие добиле само празни ветувања како од администрацијата за култура на Град Скопје, така и од раководните структури на МКЦ.
Никој не’ нема нема контактирано од Дирекцијата на МКЦ за да видиме како би се одвивале понатаму работите. Веднаш по поставувањето на господинот Бени Шаќири за директор, беше повикан диригентот на оркестарот каде усно беше ветено дека ќе стори се’ што е во негова надлежност да ги нормализира работите. Но еве, до денешен ден ништо не е превземено. Договорите кои ги потпишавме уште минатата година, веднаш видовме дека содржат сомнителни членови во нив, меѓутоа поради долгогодишната работа искрено не очекувавме да бидеме изиграни. Ние како членови на оркестарот искрено се надеваме на позитивна разврска“, посочува Дамњановски за Радио МОФ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.