Вечерва со почеток во 20часот во Националната Опера и Балет, ќе се одржи голем Велигденски концерт на ансамблот Танец, насловен „Велигден е, Ѓурѓовден е“.

Голем Велигденски концерт на ансамблот Танец, во неговата јубилејната година кога ја чествува 75-годишнината од своето основање. На концертот ќе настапи целиот ансамбл – хорот, орестарот, солистите и играорниот кор, а ќе биде изведена раскошна програма, во која централниот дел е посветен на доаѓањето на најубавиот период на годината – пролетта. Таа оваа година ексклузивно, во исто време, ни носи два големи празника – Ѓурѓовден и Велигден.

Оваа вечер, публиката ќе ужива во многу вокални и вокално-инструментални точки, меѓу кои традиционалните напеви „Утре е Света Недела“, „Ѓурѓово лето, пролето“, „Моме оди низ ливада“, во „Старото Велигденско оро“, но и во живописните кореографски постановки „Ѓурѓовден“, прилепските „Мечкарски игри“, „Тресеница“, „Свадба“, како и во премиерата на новата кореографија „У Ливаду“, на авторите Јовица Блажевски и Сашко Митев. Целиот концерт ќе биде мултимедијално вообличен, така што на публиката ќе и овозможи незаборавно аудио-визуелно уживање.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.