Фото групата „Чкрап“ од Тетово по 19. пат ја организира својата традиционална годишна изложба на членовите на групата. Изложбата ќе биде отворена во салата на управната зграда на Музејот на тетовскиот крај (поранешен Дом АРМ) утре, 19 ноември, со почеток од 18 часот.

Овој пат на изложбата на фотографи ќе се претстават 13 членови со 32 фотографии.

Ја продолжуваме традицијата и оваа изложба се организира по повод Денот на ослободувањето на Тетово – 19 ноември. Интересно за фотографската група „Чкрап“ е што покрај членови на групата од Тетово има многу фотографи од другите градови, па и од странство и на некој начин сме различни од другите фото клубови. Имаме и нови млади членови кои ќе се претстават. Секој фотограф може да се претстави со најмногу четири фотографии, најави Зоран Андонов, член на фото групата Чкрап од Тетово.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.