По повод Денот на Факултетот за музичка уметност, во Филхармонијата вечер од 20 часот ќе се одржи традиционалниот годишен свечен концерт на кој ќе настапат студенти од сите студиски насоки на ФМУ. Тие ќе изведат дела од Шуплевски, Перт, Прокофјев, Глазунов, Пјацола, Даутовски и Костов.
-Концертот претставува една од централните воннаставни активности на факултетот, содржи стилски и жанровски богата програма изведена од студентите од речиси сите образновни профили, соопшти ФМУ за концертот за кој влезот е слободен.
Ќе учествуваат мешаниот хор при ФМУ „Драган Шуплевски”, симфонискиот оркестар на ФМУ, камерниот оркестар „Солисти на ФМУ”, студенти од одделите за народни инструменти и за популарни жанрови, од класите на професорите: Драган Даутовски, Сашо Татарчевски, Борјан Цанев, Кирил Туфекчиевски, Иван Иванов, Андријана Јаневска, Гордан Спасовски, Зоран Костадиновски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.