Дисциплина, посветеност, одговорност и талент се клучни за успехот на една оперска певица, вели оперската дива Весна Гиновска – Илкова. За неа операта е емоција, а уметникот треба да мотивира, стимулира, пренесува и да гради мостови.

Првенката на Националната опера и балет со 30-годишно искуство на сцената, над 20 главни улоги и единствен оперски пејач кој направи четири-пет комерцијални концерти, во интервју за МИА со восхит говори за професијата и за пеењето. Нејзината порака до идните генерации е дека патот до успехот е тежок, макотрпен, послан со препреки, но потребна е упорност, истрајност и доследност во желбата да се успее.

Младите уметници во денешно време сакаат успехот да дојде многу брзо. Тој не доаѓа така. Успехот не доаѓа веднаш, патот е тежок, макотрпен, послан со препреки, со сопки, но треба да бидат упорни, истрајни, доследни во својата желба и најбитно е дека границите за уметноста, за музиката се отворени. Како што и претходно кажав, ние градиме мостови. Дали тоа ќе биде претстава која ќе биде надвор од нашата држава или претстава која ќе биде надвор од нашиот театар, не е битно, битно е да се работи и да се создава, да се креира, да се биде доследен на својата работа и на својата професија, вели Гиновска – Илкова.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.