На денешната средба со новинарите директорката на Филхармонија, Тина Иванова, претседателот на синдикатот на Филхармонија Владимир Лазаревски и претседателката на Управниот одбор – Зорица Каракутовска истакнаа дека имале исклучителна соработка ЗЏМ и безрезервна поддршка.
Јас, Тина Иванова, нека кажат претставниците на ЗЏМ, и од времето кога соработував со нив, од секогаш сум им ја давала мојата поддршка неизмерно и безрезервно. Ги ценам како уметници и знам дека во нивните редови има фантастични музичари. Бев на неколку состаноци за да преговарам да им се даде простор, за што имав позитивен одговор и за Домот на АРМ и за студијата М1 и М2 во МРТВ.
Сега, во овој случај, како директор на Филхармонијата, застанувам зад колективот, зад единствениот став на сите вработени. Не само поради солидарноста туку и поради нивниот исправен став и реалната потреба Националната филхармонија, брендот на македонската култура, да не биде предмет на експерименти непримерни за ниту една филхармонија во светот.
Оваа „филхармониска генерација“ направивме уникатна и високо квалитетна програма, изведовме грандиозни дела, на сцената стапнаа фантастични диригенти и солисти. Имавме полни сали и задоволна публика. Така и ќе продолжиме.
Овие уметници се научени и на поинакви околности. Можеме да се вратиме и во Домот на АРМ, можеме и на отворено и тука сме со потврден квалитет. Пак ќе правиме концерти.
Сега директорка сум јас, министерката е сега министерка. Утре нема да бидеме на овие должности ниту јас ниту таа. Но овие луѓе овде, овие уметници, кои сега со право реагираат, и натаму ќе останат да се тоа без оглед на околностите. Но неприродно е да се прават обиди за создавање услови за едни на сметка на нарушени услови за други. Така се задира во успешноста и кај едните и кај другите.
И пак, никаде во светот во објект со планска намена за филхармонија не функционира џез ансамбл.
Еве, тука е дипломатскиот кор, прашајте ги каде е тоа случј. Никаде. И не случајно – никаде.
И повторувам, не отсега, од многу одамна сите застанавме на страната на ЗЏМ, секогаш ја имале нашата безрезервна и професионална и другарска поддршка. Патем, наспроти обидете за извртување на фактите во јавноста, секогаш им биле отворени филхармониските сцени за нивни концерти.
Но функционирање на два национални оркестри со сосема различна програмска и естетска концепција е неспоива состојба на што всушност реагира и целата Филхармонија, потенцираше Иванова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.