Заврши третото издание на меѓународниот фестивал на детскиот театар „Игор Маџирот“ 2024, во организација на НУ Театар за деца и младинци – Скопје. За најдобра претстава на фестивалот беше прогласена претставата „Не ме чекај” на театарот „Гледај го снегот на трепките“ од Нант- Франција.

Детското жири во состав од: Неда Блажевска, Тео Манев, Уна Дона Силјановска, Бисера Мојаноска, Теофил Сачкарски, Саша Димитриевска, Ведран Маричиќ, за најдобра претстава на фестивалот ја програсија претставата „По трагите на волкот”, во режија на Јакуб Максимов од Чешка, а во изведба на Младинскиот театар од Нови Сад, Србија.

Стручното жири составено од претседателката Рената Карола Гатика од Хрватска и членовите Ана Левајковиќ Бошков, актерка и Биљана Крајчевска, драматург, ја прогласија најдобрата претстава на фестивалот.

„Претставата е едно неверојатно патување кое нѐ води низ исклучително иновативни и богати визуелни решенија преку симпатични и духовити ликови, низ распон на емоции, а најважното е универзалната и секогаш актуелната порака: ‘Домот е онаму каде што си ти, домот е секогаш во тебе’“, се вели во одлуката на жири комисијата.

Наградата за режија му беше доделена на Јакуб Максимов за претставата „По трагите на Волкот“ според романот на Џек Лондон во изведба на Младинскиот театар од Нови Сад – Србија.

Наградата за сценографија му беше доделена на Лусил Регер за претставата „Не ме чекај“ на театарот „Гледај го снегот на трепките“ од Нант- Франција.

Наградата за костимографија ја доби Каролина Арандија за претставата „По трагите на Волкот“ во изведба на „Младинскиот театар“ од Нови Сад – Србија.

Жирито додели две награди за актерски остварувања на: Вера Розанова за претставата „Не ме чекај“ на театарот „Гледај го снегот на трепките“ од Нант- Франција и на актерката Петра Шарац за претставата „О ла ла“ на „Градски куклен театар“ од Ријека, Хрватска.

Специјалнате награди за колективна актерска игра беше доделена на „Младинскиот театар“ од Нови Сад – Србија за претставата „По трагите на Волкот“ и на „Краљевскиот театар“ за претставата „Тогаш кога се изгубивме“.

Специјалната награда за музика се додели на композиторката Звездана Новаковиќ и музичката изведба на актерката Маја Куншиќ .

Специјалната награда за најдобар драмски текст се додели на Лоте Фаруп за текстот „Тогаш кога се изгубивме“.

На фестивалот „Игор Маџиров” настапија десет претстави, беа одржани две работилници за деца и млади и се одржа панел дискусија посветена на детскиот театар.

И оваа година фестивалот беше поддржан од Министерството за култура и туризам, а под покровителство на претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.