Француско-македонското дуо SopliPse вечерва ќе одржи концерт на класична музика, насловен „Сон во сон“, што ќе се одржи в среда, 4 мај 2022, во 20 часот, во Камерната сала на Македонската филхармонија.

На концертот ќе настапат сопранистката Гонца Богоморова Краповска и дуото SoliPse, во состав Елена Стојческа на флејта и Ромен Петио на гитара.

Предвидена е модерна музичка програма, во рамките на која ќе биде изведено оригиналното дело Океан во капка на македонската композиторка Дарија Андовска, специјално компонирано за овој концерт.

Во оваа прилика, за првпат ќе бидат изведени и две македонски традиционални композиции, преработени повторно од Дарија Андовска.

Освен дела за дуо и за соло изведба, ќе бидат изведени и три француски дела: Две поеми од Ронсар на Албер Русел, извонредното дело Самогласки за соло флејта на Софи Лаказ, инспирирано од поема на Артур Рембо, и Мирот почива во пустина на Жан-Кристоф Роза.

Популарната Петта Арија од серијата арии Бахијана Бразилерас на Вила-Лобос ќе биде изведена во нејзината оригинална верзија за вокал и гитара.

Италијанскиот композитор Масимилијано Месиери, чие дело Сон во сон ќе биде изведено на концертот, ќе биде присутен на настанот.

Влезот е слободен.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.