Во Културно-информативниот центар во Скопје вечерва во 20 часот ќе биде отворена изложбата „Фрагментирани реалности“ од мултимедијалниот уметник Страхил Петровски. Проектот е субјективна реакција и рефлексија на авторот на она што му (ни) се случува во ова проблематично и турбулентно време (и години наназад).

Куратор на изложбата е Маја Чанкуловска-Михајловска, историчар на уметноста.

Авторот вели дека оваа изложба нема цел да ги реши проблемите, туку да генерира прашања, проблеми на свеста и совеста, да ги истражи основните вредности на нашето постоење (онтолошкото во нас како битија), слободата, напредокот, цензурата, самоцензурата – преминувајќи во фрази кои се спротивставуваат на овие принципи и ја ставаат под ризик слободата на човештвото…

Изложбата е дел од културната понуда на Град Скопје, во рамките на иницијативата Европска престолнина на културата 2028, а ќе биде отворена до 4 декември.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.