Вечерва, со почеток во 21 часот, во кинотечната сала на Кинотека на Македонија продолжува Ретроспективата Буњуел, а на програмата е ДНЕВНИКОТ НА ЕДНА СОБАРКА (1964, 97′).
По филмот ќе следува излагањето „Поглед низ клучалката во перверзиите на буржоазијата: Од дневникот на Мирбо до атипичниот реализам на Буњуел“ на Златко Ѓелески.
ЗЛАТКО ЃЕЛЕСКИ е писател, филмски, музички и книжевен критичар. Дипломира на катедрата за општа и компаративна книжевност при факултетот „Блаже Конески“ во Скопје и од 2008 активно се занимава со филмска критика. Дигиталните филмски рецензии ги објавува на веб-страницата „Мувис.мк“, а печатените во: „Кошмар“ „Граѓански“, „Кинопис“, „Филм плус“, „Филмски печат“. Водител е на филмските радио емисии „Danse Macabre“ и „ТВ 103“ на радио Канал 103. Добитник е на наградата за најдобра филмска критика на филмскиот фестивал „Синедејс“ во 2013. Режисер е на кратките филмови ОД ДРУГАТА СТРАНА и МЕМОАРИ и организатор на ревијата на хорор филмови „Мрак Фест“. Член бил на жири комисии на неколку филмски фестивали: „Синедејс“, „Филмај“, „Мобил фестивал“ и „Филозофски филмски фестивал“. Водител е на јутјуб емисиите: „Видеологија“ и „Ревизија“. Во 2021 ја објави неговата прва збирка на филмски есеи и рецензии „Видеологија (2019-2020)“ во издание на ПНВ Публикации.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.